| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Претепан пејачот Владо Георгиев

Пејачот Владо Георгиев е претепан во петокот навечер пред клубот”Dansen Roels” во Антверпен, објави спрски „Блиц“

Неколку дена Георгиев прстојувал во овој белгиски град  за да сними спот, а воедно и да одржи закажани концерти во еден клуб каде се собираат во публика лица од просторите на поранешна Југославија.

За време на паузата заедно со тапанарот излегол пред клубот да запали цигара. Во тој момент крај нив поминале неколку момчиња и девојки, а Владо наводно почнал да дофрла и тоа довело до тепачка. Набргу на местото стигнала и полиција, а најдебелиот крај како што пишува „Блиц“ го извлекле Владо и неговиот тапанар.

Се се одиграло во раните утрински часови, а пејачот следниот ден имал закажан концерт во Штудгарт кој сакал да го откаже бидејќи не можел да пее, но по кусо убедување од менаџерот сепак се одлучил да настапи.

Георгиев за весникот не сакал да ги потврди наводите и изјавил дека не е повреден дека некои други луѓе се степале, но неколку дена подоцна се сетил дека добил неколку удари во Анверпен..

– Излегов надвор да запалам цигара а со мене беше и мојот тапанар. Нормално стоевме надвор и пушевме. Видовме кошкање, но не се мешавме, но и јас набргу добив два удари во глава. Група момчиња кои се расправаа ме вовлекоа и мене во караницата. По игра на случајот и јас бев вовлечен во тепачка и добив неколку удари. На крајот се извлеков а по неколку минути тие се разбегаа, рече пејачот за балградските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top