| четврток, 6 декември 2018 |

Ваков го немате видено: Георгиев се појави со жената, а после неколку часа се клатеше со хитовите на Лепа Брена!

Кантавторот Владо Георгиев синоќа се појавил на еден настан во српската престолнина  со невенчаната сопруга Милица Самарџија. Иако нема обичај да позира со неа, синоќа направил преседан, позирајќи со неа, за после тоа да реши да се опушти, се разбира со некоја чаша алкохол, но и да заигра на хитовите на Лепа Брена.

Кога рака под рака со Милица, популарниот Барба влегол во салата, на сцената пеела Лепа Брена. Владо не сакал многу да троши време, па веднаш зел чаша во рацете и почнал да се весели. И никој не можел да верува дека еден поп пејач така ќе се весели со народни песни. Најмногу го погодила песната Шеик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top