| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак и Вугринец за врвен дострел во Данска

Немања Прибрак и Ренато Вугринец се најдоа во официјалниот список на Ракометната федерација на Македонија за ЕП во Данска.
Сите процедури за добивање на патните исправи се завршени и тие се официјални државјани на Македонија со што ќе може да настапат за репрезентацијата на престојното ЕП. Ова за новинарите го изјави директорот на репрезентацијата Стевчо Алушовски.
Селекторот Ивица Обрван го соопшти списокот, кој е конечен и неменлив.

– Ова е списокот на 28 репрезентативци што ќе конкурираат за ЕП. Тој е конечен и испратен во европската куќа на ракометот ЕХФ. Во соработка со моите соработници и раководството на РФМ се решив за овие играчи, кои се најквалитетните во моментов што можат да ги бранат боите на репрезентацијата. Во следните неколку денови ќе направиме скратен список од 20-21 ракометар кои ќе ги почнат подготовките. Сите останати репрезентативци ќе бидат достапни да се приклучат во последната фаза од подготовките. Се очекува да се продолжи со континуитет во учеството на големите натпреварувања се додека талентираната кадетска репрезентација не стане достапна за сениорскиот состав – изјави Обрван.
ivica-obrvan-1

Селекторот е задоволен што Прибак и Вугринец добија македонски пасоши.

– До овој момент на позицијата бек имавме само три ракометари кои беа во одлична форма во своите клубови. Кире Лааров, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски. Со натурализирањето на овие двајца ракометари ќе се добие ширина во изборот на таа позиција. Моја идеја беше да се прошириме со двајца ракометари на бековската позиција. Подршка добив од раководството на федерација и на клучните репрезентативци. Изборот падна на нив двајца бидејќи ги задоволуваат моите критериуми. Пласманот на петтото место на претходното ЕП во Србија е одличен успех, меѓутоа секое следно натпреварување е приказна за себе. Целта на ова првенство е да се помине групата. Ќе дадеме се од себе да го повториме успехот – додаде селекторот.

Репрезентативците ќе ги започнат подготовките на 21 декември со ислучок на голманот Борко Ристовски кој ќе дојде една недела покасно поради клубските обврски. Еден ден подоцна се патува за Пореч каде ќе се остане до 30 декември и таму ќе се одигра пријателски натпревар против Словенија. на трети јануари во Скопје ќе се одржи силен турнир на кој ќе учествуваат репрезентациите на Црна Гора и Србија.

Списокот репрезентативци:
Голмани: Борко Ристовски (Гумерсбах), Петар Ангелов (Вардар), Никола Митревски (Металург), Стефан Кимевски (Металург)
Крила: Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Владо Недановски (Вардар), Гоце Георгиевски (Металург), Владимир Темелков (Керјенг), Златко Мојсоски (Металург)
Пикер: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Игор Павловски (Зомимак)
Бекови: Наумче Мојсовски (Металург), Бранислав Ангеловски (Констанца), Филип Миркуловски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Кире Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Дејан Пецаковски (Металург), Немања Прибак (Вардар), Ренато Вугринец (Металург), Никола Стојчевски (Редбергслидс), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Мите Стоилов (Вардар), Мартин Манасков (Металург).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top