| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски на панел – дискусија за иднината на глобалната интернет соработка

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на првиот состанок на Независниот панел за иднината на глобалната интернет соработка што денеска и утре се одржува во Лондон.

Ивановски е поканет на состанокот од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ИЦАНН), а најавено е учество и на Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на Телекомуникациската регулаторна управа во Обединетите Арапски Емирати, Винт Церф, потпретседател на Google, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ИЦАНН, Џими Велс, коосновач и промотор на Википедија, Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа и поранешен премиер и министер за надворешни работи на Норвешка, Мичел Бејкер од Фондацијата Мозила, Томас Илвес, претседател на Естонија и поранешен дипломат и новинар и многу други.

Во текот на разговорите се очекува да се отвори дискусија за чувствителни интернет прашања, со можност за воспоставување нови глобални процеси.

На панелот ќе биде објавен извештајот кој содржи принципи за глобалната интернет соработка, за кој на почетокот на 2014 година ќе се отвори јавна дебата со забелешки и коментари за неговата содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top