
Службениците на Полициската управа во Нови Пазар поднела кривична пријава против македонскиот државјанин Н.Б. (27) поради основано сомневање дека извршил кривично дело насилничко однесување кон своето дете, јавуваат српските медиуми, а пренесува Портал.
Полицијата го притворила под сомневање дека во понеделникот околу 19 и 30 часот на своето петмесечно дете му нанел повреди по главата и вратот. Министерството за внатрешни работи на Србија утврдило дека по Н.Б. Интерпол има распишано потерница по што го предала осомничениот на Високиот суд во Нови Пазар. Судот му одредил мерка екстрадиционен притвор, се наведува во соопштението до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


