| четврток, 6 декември 2018 |

Де­сет поз­на­ти ма­ке­дон­ски же­ни ја про­мо­ви­ра­ат ко­лек­ци­ја­та на Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва

Olgica Georgieva dizajnerka (2)

Олгица Ѓоргиева во своето студио

Ма­ке­дон­ска­та ди­зај­нер­ка Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва во сво­е­то ател­је ја под­го­тви сво­ја­та пр­ва ко­мер­ци­јал­на ко­лек­ци­ја на­ме­не­та за мо­дер­на, ур­ба­на, де­лов­на же­на, во ко­ја до­ми­ни­ра­ат неж­ни и со­фи­сти­ци­ра­ни се­којд­нев­ни пар­чи­ња гар­де­ро­ба. Ин­те­рес­но е тоа што таа во про­ектот вклу­чи де­сет де­лов­ни же­ни, кои ќе ја про­мо­ви­ра­ат неј­зи­на­та нај­но­ва ко­лек­ци­ја, ко­ја прет­ста­ву­ва еден вид про­дол­же­ние на ко­лек­ци­ја­та „Ос­ло­бо­ду­ва­ње“, ко­ја бе­ше прет­ста­ве­на на Мо­ден ви­кенд во Скоп­је, кој за­вр­ши не­о­дам­на.

олгица

Ѓоргиева во „бекстејџ“ на последната Модна недела во Скопје

Во про­е­ктот учес­тву­ва­ат: Љуп­ка На­у­мов­ска – сопс­тве­нич­ка на „Ха­ни­биз“ – Мар­ке­тин­шка аген­ци­ја за од­но­си со јав­но­ста, Сне­жа­на Лу­пев­ска – про­ду­цен­тка и но­ви­нар­ка во „Код“, Мар­та На­у­мов­ска-Гр­на­ро­ва – ге­не­рал­на ме­на­џер­ка на „За­вар ком­па­ни“, Бил­ја­на Ва­си­ле­ва-Трен­да­фи­ло­ва уред­нич­ка-но­ви­нар­ка во МРТВ, Бил­ја­на Трај­ков­ска – сопс­тве­нич­ка на ви­нар­ска­та виз­ба и де­сти­ле­ри­ја „Трај­ков­ски“, Ане­та Пе­ше­ва – ди­ре­ктор­ка на „Ул­тра“, Ли Ве­бер – ди­ре­ктор­ка на блог за мар­ке­тинг, Бил­ја­на За­фи­ро­ва – глав­на уред­нич­ка на пор­та­лот „Ре­пуб­ли­ка“, Сла­ви­ца Ни­ко­лов­ска – ос­но­вач­ка на ма­ке­дон­ска­та мре­жа за мен­то­ри и Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва – мод­на ди­зај­нер­ка и сопс­тве­нич­ка на „ГО“.

Ко­лек­ци­ја­та ќе би­де прет­ста­ве­на на 13 де­кем­ври, пе­ток, во Дом на АРМ, во ме­мо­ри­јал­ни­от цен­тар на Ни­ко­ла Кљу­сев. На­ста­нот е за­мис­лен ка­ко ед­но уба­во мод­но, кре­а­тив­но дру­же­ње, кое има и ху­ма­ни­та­рен ка­ра­ктер во исто вре­ме. За­мис­ле­но е да трае не­кол­ку ча­са, а ќе поч­не во 17 ча­сот.

Ина­ку, ко­лек­ци­ја­та се ка­ра­кте­ри­зи­ра со чи­сти ли­нии, на­до­пол­не­ти со ми­ни­мал­ни де­та­ли, кои ги збо­га­ту­ва­ат кре­а­ци­и­те. Спо­ред Ѓор­ги­е­ва, ста­ну­ва збор за пар­чи­ња об­ле­ка што мо­жат да се ком­би­ни­ра­те со ве­ќе по­стој­на­та гар­де­ро­ба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top