
Олгица Ѓоргиева во своето студио
Македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева во своето ателје ја подготви својата прва комерцијална колекција наменета за модерна, урбана, деловна жена, во која доминираат нежни и софистицирани секојдневни парчиња гардероба. Интересно е тоа што таа во проектот вклучи десет деловни жени, кои ќе ја промовираат нејзината најнова колекција, која претставува еден вид продолжение на колекцијата „Ослободување“, која беше претставена на Моден викенд во Скопје, кој заврши неодамна.

Ѓоргиева во „бекстејџ“ на последната Модна недела во Скопје
Во проектот учествуваат: Љупка Наумовска – сопственичка на „Ханибиз“ – Маркетиншка агенција за односи со јавноста, Снежана Лупевска – продуцентка и новинарка во „Код“, Марта Наумовска-Грнарова – генерална менаџерка на „Завар компани“, Билјана Василева-Трендафилова уредничка-новинарка во МРТВ, Билјана Трајковска – сопственичка на винарската визба и дестилерија „Трајковски“, Анета Пешева – директорка на „Ултра“, Ли Вебер – директорка на блог за маркетинг, Билјана Зафирова – главна уредничка на порталот „Република“, Славица Николовска – основачка на македонската мрежа за ментори и Олгица Ѓоргиева – модна дизајнерка и сопственичка на „ГО“.
Колекцијата ќе биде претставена на 13 декември, петок, во Дом на АРМ, во меморијалниот центар на Никола Кљусев. Настанот е замислен како едно убаво модно, креативно дружење, кое има и хуманитарен карактер во исто време. Замислено е да трае неколку часа, а ќе почне во 17 часот.
Инаку, колекцијата се карактеризира со чисти линии, надополнети со минимални детали, кои ги збогатуваат креациите. Според Ѓоргиева, станува збор за парчиња облека што можат да се комбинирате со веќе постојната гардероба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ревија на европски филмови во осум градови низ Македонија
-
Олгица Ѓоргиева го затвори 17. издание на Моден викенд Скопје
-
Олгица Ѓоргиева, моден дизајнер: „Мемоарите на една гејша“ е колекција која лесно се прилагодува за секакви настани
-
Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото


