Вечерва е третата и последна премиера на претставата „Локал 69“ на битолскиот театар „Дел арте“. Станува збор за комедија на интрига, претставата полна со префинет хумор кој битолската публика секогаш знае да го цени. „Локал 69“ е оригинален текст напишан од Димитар Захариевски и е во режија на познатиот пејач Бојан Стојков.
Тие двајца и се дел од актерската екипа која ја надополнуваат и Климентина Митревска, Елена Тодосиоска, Тамара Стојковска и Глорија Лазовска.
Екипата на „Дел арте“ веќе ѝ е добро позната на битолската публика, па картите за сите три претстави беа распродадени неколку дена пред прикажувањето. Сепак во преполниот Центар на културата во Битола, недостигаше Соња Мембрењо, долгогодишната девојка на Стојков.
Соња и Бојан се запознаа и се заедно уште од времето кога и двајцата учествуваа на бугарскиот „Идол“ во 2009 година. Сепак, таа не успеа да присуствува на театарските претстави на нејзиното момче поради обврски во Бугарија.
Претставата не помина и без одличните вокални способности на битолчанецот, кој како дел од претставата ја преработи и култната „Yesterday“ од Битлси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.