| четврток, 6 декември 2018 |

Соња не дојде на премиера кај Бојан

Вечерва е третата и последна премиера на претставата „Локал 69“ на битолскиот театар „Дел арте“. Станува збор за комедија на интрига, претставата полна со префинет хумор кој битолската публика секогаш знае да го цени. „Локал 69“ е оригинален текст напишан од Димитар Захариевски и е во режија на познатиот пејач Бојан Стојков.

1508328_10202598825319912_1895482807_n

Димитар Захариевски и Бојан Стојков

Тие двајца и се дел од актерската екипа која ја надополнуваат и Климентина Митревска, Елена Тодосиоска, Тамара Стојковска и Глорија Лазовска.

1492969_10202595818244737_1059308040_n

Сцена од „Локал 69“

Екипата на „Дел арте“ веќе ѝ е добро позната на битолската публика, па картите за сите три претстави беа распродадени неколку дена пред прикажувањето. Сепак во преполниот Центар на културата во Битола, недостигаше Соња Мембрењо, долгогодишната девојка на Стојков.

1490995_10202595827164960_2077384270_n

Бојан Стојков и одличната изведба на „Yesterday“

Соња и Бојан се запознаа и се заедно уште од времето кога и двајцата учествуваа на бугарскиот „Идол“ во 2009 година. Сепак, таа не успеа да присуствува на театарските претстави на нејзиното момче поради обврски во Бугарија.

Претставата не помина и без одличните вокални способности на битолчанецот, кој како дел од претставата ја преработи и култната „Yesterday“ од Битлси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top