Вашингтон негира дека минатата недела во Брисел се одржала средба меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, на која се разговарало за Македонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Грчките медиуми деновиве информираа за настапот на Венизелос, кој на средбата на министрите на НАТО во Брисел го поткрепувал грчкиот став дека и на самитот во Британија, Македонија не треба да добие покана за членство. Грчкиот весник „Та Неа“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека веднаш по обраќањето на Венизелос, американскиот државен секретар Џон Кери му пришол, и разговарале за спорот за името. Но, во американскиот Стејт департмент велат дека ваква средба немало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.