| четврток, 6 декември 2018 |

Галатасарај и Јувентус продолжуваат утре од 13 часот

Галатасарај и Јувентус ќе го доиграат последниот меч од фазата по групи утре од 13 часот, откако вечерва поради обилен снег дуелот беше прекинат по 34 минути игра. Според правилата на УЕФА ќе се играат преостанатите 56 минути, секако со вообичаеното судиско продолжение. До прекинот резултатот беше 0-0. Галатасарај мора да победи ако сака да го освои второто место во Б групата, а на Јувентус му одговара и нерешен резултат.

galata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top