| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно – Исчезна струмичанецот што вчера се пожали дека Заев го удрил со врата

Член на семејството на струмичанецот Асан Демов утрово до Секторот за внатрешни работи во Струмица пријавил дека во текот на ноќта исчезнал нивниот роднина.

Асан Демов вчера за локалните медиуми во Струмица изјави дека градоначалникот  лошо се однесувал со него и дека кога последниот пат бил кај него сакал да ја отвори вратата, Заев ја отворил пред него и го удрил на градите по што тој изгубил воздух и половина минута не можел да дише.

 Изјавата на Демов, опозицијата ја отфрли како неточна при што извори од општината го нападнаа Демов дека постојано барал пари за сопругата за која лажно тврдел дека е болна.

 МВР се уште не сака да го коментира случајот.

ПРОНАЈДЕН ИСЧЕЗНАТИОТ СТРУМИЧАНЕЦ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ЗАЕВ. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ВИДЕО ВО НОВАТА ВЕСТ НА РЕПУБЛИКА НАСЛОВЕНА Струмичанецот што го обвини Заев за насилство „приведен“ од обезбедувачи (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top