| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се прошируваат улиците Пластичарска и Цветан Димов во Чаир

Plasticarska

Денеска во Општина Чаир се одржа средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Чаир. На денешната средба присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Чаир, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Чаир, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Чаир.

Градоначалникот Трајановски на почетокот на средбата наведе дел од активностите кои Градот Скопје и јавните претпријатија ги остварија во 2013 година на територијата на Општина Чаир, како што се пуштањето во употреба на новата кружна крстосница помеѓу улиците „Лазо Трповски” и „Втора македонска бригада”, како и повеќето зафати на територијата на месната заедница „Бајрам Шабани”.
Трајановски најави поголем број на проекти кои ќе се реализираат во наредната 2014 година.
– Главни проекти кои ќе ги почнеме во 2014 година се проширувањето на булевар „Христијан Тодоровски Карпош” каде што ќе се добие булеварско решение, проширување на булевар „Никола Карев” (т.н. Пластичарска улица) до амбасадата на САД во Република Македонија, како и проширување на делови од улица „Цветан Димов” каде што сообраќајниот метеж е најголем и условите го дозволуваат тоа, рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Меџити посочи дека овие средби се одлична можност за координирање на активностите на двете локални самоуправи, како и давање оцена на квалитетот на работата на јавните претпријатија од месните заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top