
Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност (ГИЗ-ОРФ-ЕЕ), Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија (КАС) и Центарот за истражување и за креирање политика (ЦИКП) денска во 11.30 часот на Скопскиот саем – деловна сала, ќе ја презентираат публикацијата „Поттикнување на енергетската ефикасност: како можат да придонесат локалните заедници“
Публикацијата претставува сеопфатна анализа на правната рамка на Македонија и на Европската унија во делот на енергетската ефикасност, како и анализа на проблемите и на пречките со кои се соочуваат општините при унапредувањето на енергетската ефикаснсот, но и предизвиците на невладините организции и компании во чијшто домен на работа е токму енергетската ефикасност.
Овој настан претсавува единствена можност каде што на едно место ќе се соберат сите фактори од оваа област и можност во која ќе се разменат дополнителни идеи, сугести и предлози за тоа како да се подобри одржливото користење на енергијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“
-
Промоција на публикација за Римскиот театар-Скупи во Музеј на Град Скопје
-
Презентација на „Креативна Европа“ вечерва на „Македокс“
-
ФФМ со одлична видеопрезентација за месецот на фудбалот за Македонија


