| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се презентира публикација за можностите за енергетска ефикасност

енергетска ефикасност

Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност (ГИЗ-ОРФ-ЕЕ), Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија (КАС) и Центарот за истражување и за креирање политика (ЦИКП) денска во 11.30 часот на Скопскиот саем – деловна сала, ќе ја презентираат публикацијата „Поттикнување на енергетската ефикасност: како можат да придонесат локалните заедници“                                                                                                                     

Публикацијата претставува сеопфатна анализа на правната рамка на Македонија и на Европската унија во делот на енергетската ефикасност, како и анализа на проблемите и на пречките со кои се соочуваат општините при унапредувањето на енергетската ефикаснсот, но и предизвиците на невладините организции и компании во чијшто домен на работа е токму енергетската ефикасност.

Овој настан претсавува единствена можност каде што на едно место ќе се соберат сите фактори од оваа област и можност во која ќе се разменат дополнителни идеи, сугести и предлози за тоа како да се подобри одржливото користење на енергијата во Македонија.                                                                                                                     

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top