Француската воена операција во Централноафриканската република (ЦАР) почнува „веднаш“, соопшти претседателот Франсоа Оланд. Претходно денеска Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата со која и се дозволува на Франција воено да интервенира во ЦАР.
– Со оглед на итноста на ситуацијата, одлучив итно да дејствуваме, уште вечерва во координација со Африканците и со поддршка на европските партнери – изјави Оланд, истакнувајќи дека Франција нема друга цел освен спас на човечки животи.
Според Оланд 650-те француски војници, распоредени во ЦАР со мандат на претходната резолуција на ОН, ќе бидат поддржани уште со толку во период од неколку дена.
ЕУ вечерва ја поздрави одлуката на ОН и објави дека разгледува доделување финансиска помош за меѓународната воена мисија во ЦАР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.