| четврток, 6 декември 2018 |

Франција вечерва почнува воена операција во ЦАР

Француската воена операција во Централноафриканската република (ЦАР) почнува „веднаш“, соопшти претседателот Франсоа Оланд. Претходно денеска Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата со која и се дозволува на Франција воено да интервенира во ЦАР.

– Со оглед на итноста на ситуацијата, одлучив итно да дејствуваме, уште вечерва во координација со Африканците и со поддршка на европските партнери – изјави Оланд, истакнувајќи дека Франција нема друга цел освен спас на човечки животи.

Според Оланд 650-те француски војници, распоредени во ЦАР со мандат на претходната резолуција на ОН, ќе бидат поддржани уште со толку во период од неколку дена.

ЕУ вечерва ја поздрави одлуката на ОН и објави дека разгледува доделување финансиска помош за меѓународната воена мисија во ЦАР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top