Белгија ги засили мерките на заштита на 12-годишната престолонаследничка Елизабета откако непознат неонацист се заканил дека ќе ја убие, пишува „Мкд.мк“
Причина е наводно тоа што нејзиниот татко, кралот Филип, кој е и шеф на државата, дозволил земјата да прими премногу странци.
„Ќе ја грабнам принцезата Елизабета. Ова не е шега“, се наведува во писмото на германски јазик пратено до весникот „Дерниер ер”.
Иследувачот на одделението за борба против тероризмот и полицијата сериозно ја сфатија заканата, бидејќи ДНК-анализата и другите тестови не го откриле идентитетот на лицето што во текот на викендот го пратило писмото. Три вооружени полициски единици се распоредени пред училиштето на принцезата во Брисел „Синт Јан Берхманс колеџ“.
Весникот не го објави заканувачкото писмо целосно, но го опиша како „болно, расистички и неонацистички настроено“ дрдорење, во кое имигрантите се обвинуваат „за тешката економска ситуација во земјата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.