Во текот на утрешниот ден Европа ќе биде под удар на невреме кое ќе донесе пред сѐ силен ветер во северните континентални делови, позначителен снег во Скандинавските и Балтичките земји, пренесува Метеопро.
Орканот, кој популарно е наречен Хавиер, во крајбрежните делови ќе донесе бранови во висина и до 10 метри.
Во текот на оваа ноќ, продорот на студен поларен воздух ќе формира циклон над Атлантикот, некаде помеѓу Исланд и Британските острови. Веќе утре околу пладне силнен ветер со врнежи од дожд се очекуваат во Британија, а во текот на попладнето и во делови од Бенелукс, Данска и северот на Германија, каде се очекуваат и врнежи од снег.
Се очекува ветерот наместа да достигне брзина околу 150 km/h. Овој циклон потоа продолжува кон Скандинавскиот полуостров, каде според Шведскиот Метеоролошки Институт се очекува и пообилен снег.
Ова невреме со сигурност ќе донесе пореметувања и одреден застој на авио и поморскиот сообраќај во овој дел од Европа, како и застој во снабдувањето со електрична енергија.
Повеќе на Метеопро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.