| четврток, 6 декември 2018 |

Орканот Хавиер доаѓа во Европа

Во текот на утрешниот ден Европа ќе биде под удар на невреме кое ќе донесе пред сѐ силен ветер во северните континентални делови, позначителен снег во Скандинавските и Балтичките земји, пренесува Метеопро.

Орканот, кој популарно е наречен Хавиер, во крајбрежните делови ќе донесе бранови во висина и до 10 метри.

Во текот на оваа ноќ, продорот на студен поларен воздух ќе формира циклон над Атлантикот, некаде помеѓу Исланд и Британските острови. Веќе утре околу пладне силнен ветер со врнежи од дожд се очекуваат во Британија, а во текот на попладнето и во делови од Бенелукс, Данска и северот на Германија, каде се очекуваат и врнежи од снег.

Се очекува ветерот наместа да достигне брзина околу 150 km/h. Овој циклон потоа продолжува кон Скандинавскиот полуостров, каде според Шведскиот Метеоролошки Институт се очекува и пообилен снег.

Ова невреме со сигурност ќе донесе пореметувања и одреден застој на авио и поморскиот сообраќај во овој дел од Европа, како и застој во снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top