Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска беа промовирани Собраните дела во три томови од академик Радован Павловски, со предговор на поетот и литературен критичар, Раде Силјан.
-Радован Павловски е водечко име на третата генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесетите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег. Спаѓа во редот на ретките македонски писатели кои целосно ѝ се посветени на поезијата. Критиката го окфалификува како апсолутен поет, принц на метафората, поет на Железна река, господар на перото. Со ореолот на славата се здоби со стихозбирката “Суша, свадба и селидби„, која го легитимираше како сејач на плодно семе во македонската литературна почва, констатира Раде Силјан во текстот „Магијата на поетскиот збор на Радован Павловски“.
Делата ги промовира академик Милан Ѓурчинов, а стихови од поетот рецитираше артистката Софија Гогова Врчаковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.