Влада донесе одлука за одобрување средства од резервите за 2013 година со цел исплата на парична помош во висина од 15 отсто од пријавените штети од природните непогоди.
Се работи за 53,5 милиони денари од кои најмногу ќе добие Струмица односно околу 41,5 милион денари. По неа следуваат Кичево со 230.000, Кривогаштани со околу 10,1 милиони денари и Штип со нешто повеќе од 1.7 милион денари.
-Најголем дел од штетите кои штипјани ги претрпеле во Штип и Штипско се однесува на 2012 и 2013 година. Во 2012 година, 94 лица пријавија штети, а во 2013 вкупно 134 лица. Ние подготвивме елаборати и истите беа усвоени на седница на Советот. Потоа истите беа испратени на усвојување на Владата. Морам уште еднаш да напоменам дека согласно законската регулатива, овие средства се 15% од вкупната штета – изјави Лазар Соколовски од Општина Штип.
Се работи за паричен надомест за штетите од 2010, 2011, 2012 и 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.