Во инфоцентарот на ЕУ вчера беше промовирана книгата „Резервен живот“ од Лидија Димковска, издание на „Или-или“, која годинава ја доби наградата на Европската унија за литература.
Ова е вторпат наградата за литература на ЕУ да се додели на автор од Македонија, по онаа во 2010 година кога ја доби Гоце Смилевски за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Доделувањето на наградите на 12-те европски лауреати, меѓу кои е и Димковска, се случи на 26 ноември, на свеченост во Брисел.
– Ова е голема чест за мене и за македонската литература и претставува реално поместување на границите на она што се твори во Македонија нанадвор, кон читателите во Европа и светот, кои по преведувањето на книгата на различни јазици ќе имаат можност да се запознаат со темите со кои се занимаваат и за кои пишуваат македонските писатели – вели Димковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.