Општина Кочани воведе јавен градски превоз, пренесе Сител. Приватно транспортно претпријатие, во договор со локалната самоуправа, почна со превоз на патници преку градските линии до населбите Бавчалук и Оризари. Цената на автобускиот билет е 10 денари, а втобусите ќе сообраќаат секој ден во периодот од 08.оо до 20, 45 часот.
-Очекувам дека превозникот ќе го најде својот економски интерес и сегашните 4 дневни линии ќе бидат зголемени на повеќе за да имаме еден мошне квалитетен превоз за сите наши граѓани- изјави ратко Димитровски, градоначалник на Кочани
Во соработка со полицијата поставени се автобуските постојки, а се прават напори и за растеретување на сообраќајот во потесното градско подрачје.
-Можеме со следење на состојбите да ги менуваме и возниот ред и автобуските постојки- изјави Димитровски
Вкупната цена на билетот е 20 денари, а половината од средствата ги субвенционира општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


