| четврток, 6 декември 2018 |

За 100 евра нелегално пренесувал албанска државјанка во Македонија

35-годишниот Н.Б. жител на селото Јажинце-тетовско, заработил кривична пријава за криумчарење на мигранти.

Тој на 20 ноември е затекнат од страна на полициски службеници во месноста „Цигански Гробишта“, во атарот на селото Јажинце, со 20-годишната Албанка С.Т.со која нелегално сакал да ја премине границата.

По извршениот разговор со С.Т. е дознаено дека пријавениот за износ од 100 евра требало да ја префрли од Косово во Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top