| четврток, 6 декември 2018 |

Дани снима документарец во Каиро

Во Каиро започна снимањето на документарниот филм  „Партнерство за промена“ („ Partnership for change “) во кој покрај неколку познати актер и пејачи од Египет, Турција и Тунис, дел е и нашата пејачка Дани Димитровска.

Дани, заедно со египетскиот актер Сами Шеик, турскиот пејач Кораи Кандемир, туниските бендови „Гарбис“ и „Си лемхаф“, како и диџејот Реми од Египет се „Y-Peer“ амбасадори, луѓе кои се залагаат за човековите права, за правата на децата, за подигнување на свеста за раната тинејџерска бременост, за превенција и заштита од ХИВ, за правото на избор, за слободата на говор.

Во фокусот на документарецот се нивните долгогодишни заложби, сфаќања, мотиви и инспирација.

Дани од Каиро се враќа кон крајот на овој месец, за да веднаш започне со снимањето на синглот кој ќе го најави албумот што следува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top