| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Зен и Дани против тинејџерската бременост

Македонските пејачи Дани Димитровска и Тони Зен заедно со бугарскиот колега Бобо и српскиот Марко Маракуја од Србија со песната „Ова е твое време“ им се обраќаат на младите за да се спречи раната тинејџерска бременост.

„Пишуваш своја приказна” е регионален проект кој е иницијатива на УНФПА и е наменет за спречувањето на рана тинејџерска бременост во земјите од Југоисточна Европа. Оваа порака во среда на 30 октомври, премиерно ќе се емитува на медиумскиот етер.

Песната и видеото за „Ова е твое време” се само почеток на проектот и имаат за цел рапидно да се прошират низ границите на Европа и пошироко, за да допрат до целата тинејџерска јавност. Преку интересна урбана порака, групата артисти со различни стилски музички изразувања, направија фузија на супер звуци преточени во вистински хит. Пеејќи песна која носи многу вредна и искрена порака, посветена на превенција од тинејџерска бременост, а со пренесување на симболиката на патот на сопствениот живот кој сите ние сами го моделираме, Дани, Тони, Бобо и Марко даваат директна поддршка на младите во нивното образование, во нивното донесување на одлуки и градење на здрави поколенија, подршка со која ги потсетуваат на нивниот бескраен потенцијал кој го поседуваат.

Ова е вистинскиот модул со кој што треба да се допре до младите генерации и при тоа да се пренесе пораката која многу често младите ја игнорираат. „Ова е твое време” е приказна во која секој ќе се пронајде, а само некој ќе се замисли. Со ова, целата екипа која работеше на проектот ја оствари целта, вели Дани.

Песната се пее на македонски, српски и бугарски, а видеото за истата е снимено на различни локации во Македонија, Србија и Бугарија.

 

 

Автор на песната е долгогодишниот соработник на Дани, Весна Малинова, a истата е продуцирана и снимена во Стерео Рекордс во продукција на Нино Васков. /крај/со

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top