| четврток, 6 декември 2018 |

Мартин Рубин: Ни на сон не би се обложил дека ќе освоиме бод против Металург

Тренерот на Тун, Мартин Рубин, одлично го предводеше својот тим во Скопје против Металург, а Швајцарците заслужија и победа иако на крајот го слават и првиот бод во Лигата на шампионите, по ремито 24-24.

– Ова е златен бод за нас бидејќи е прв во Лигата на шампионите. Пред мечот имавме проблеми со повредите на Франиќ, Исајловиќ и Каспар и веројатно ни на сон не би се обложил дека ќе успееме да изненадиме во Скопје. Сите ракометари одиграа извонредно, но морам да го истакнам Марк Винклер. Тој успеа да ги скроти светските ѕвезди од Металург. Бранеше извонредно, а јас немам видено голман да одбрани 6 седмерци на еден натпревар – вели Рубин.

И навистина Винклер бранеше страшно добро, им влеа страв на ракометарите на Металург, дури и при изведувањето на седмерците, а подвиг со дури 6 одбранети пенали е за почит.

2013-11-27 Wacker Thun - Kadetten Schaffhausen. Foto: Roland Peter

– Заслуживме и победа, но и вака сум горд за начинот на кој му се спротивставивме на Металург. Ќе ги паметам овие моменти – вели Рубин.

Тун остана на последното место во групата Ц, но сега има еден бод, историски, прв за клубот од Берн во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top