Шпенд Ахмети од косовското националистичко движење „Самоопределување“ е новиот градоначалник на Приштина, јави МИА.
Првичните резултати покажуваат дека Ахмети освоил 51,5 отсто од гласовите, додека Иса Мустафа од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и актуелен градоначалник на Приштина добил 48,5 отсто.
Членови и симпатизери на „Самоопределување“ доцна синоќа во центарот на Приштина ја славеа победата. Мустафа на средба со новинарите го призна поразот, но нагласи дека на локалните избори партијата постигнала „голем успех“ освојувајќи градоначалнички места во Гњилане, Пеќ, Урошевац, Витина, Сува Река и Липљан, а во коалиција со Алијансата за ново Косово (АКР) и во јужниот дел на Косовска Митровица. АКР самостојно го освои и местото градоначалник на Ѓаковица.
Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот премиер Хашим Тачи победи во Косовска Каменица, Ораховац и Призрен, а Алијансата за иднината на Косово во Обилиќ и Јуник.
Граѓанската иницијатива „Српска“, која ја имаше поддршката на властите во Белград, освои градоначалници во северна Косовска Митровица, Грачаница, Ново Брдо, Ранилуг, Клокот и Партеш, а српската Самостокна либерална партија победи во Штрпце.
Според Централната изборна комисија, одѕивот на гласачите на вчерашниот втор круг од локалите избори бил 41,5 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Пар-непар ќе се вози во Приштина
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар