Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, соопшти дека ќе бидат преземени итни мерки за намалување на високата загаденост во градот.
Како што се наведува, итните мерки ќе почнат да се применуваат од утре, во соработка со Министерството за животна средина и Министерството за внатрешни работи.
„Предвидено е намалување на бројот на возила кои се движат во главниот град, преку стопирање на возила што доаѓаат од други градови во период од 6 до 9 часа, односно од 16 до 22 часот, како и воведување на системот пар-непар возила со приштински регистерски таблички. Автомобилите со таблички со непарни броеви ќе се движат во деновите со непарен датум, додека оние со таблички со парни броеви ќе се движат во парните денови“, соопштија медиумите во Приштина.
На сите возила на кои нема да им биде дозволен влез на Косово ќе им биде обезбедено паркирање на одредени локации. Услугите на градскиот превоз ќе бидат бесплатни, а на превозниците штетата ќе им биде надоместена со средства од косовската Влада.
Со посебна одлука се забранува продажбата на јаглен и негово користење за греење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.