| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ е подготвено за славје, Металург оди на хет-трик во фазата Tоп 16 од ЛШ

Сѐ е подготвено за славје во редовите на македонскиот вицешампион Металург, само треба да се победи Вакер Тун во салата „Борис Трајковски“ и да се прослави третиот едноподруго пласман во фазата Tоп 16 во Лигата на шампионите.

И во сите три обиди ланскиот четвртфиналист во ЛШ до најдобрите 16 ракометни клубови во Европа, се пробиваше стартувајќи од квалификациите. Ланскиот успех, кога металурзите дојдоа на еден чекор до фајналфор турнирот е највисок дострел во историјата на клубот и на македонскиот ракомет, сметајќи ги натпреварите во Лигата на шампионите.

Дуелот со Тун почнува за десетина минути, а со победа Металург ќе има 10 бода и ќе се врати на втората позиција во групата Ц зад лидерот Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top