Женската ракометна репрезентација на Македонија повторно загуби на турнирот во Врњачка Бања, овојпат од Ангола со 24-31. Вчера Хрватска беше подобра и славеше со 30-20 против избраничките на новиот селектор Ристо Магдинчев.
Ракометарките од Македонија одиграа солидно во првиот дел против Ангола, имаа негатива од 11-13 по 30 минути игра, но паднаа во продолжението од мечот. Составот од Африка ги искористи слабостите и на крајот славеше со убедливи 7 гола разлика.
Утре го играме третиот и последен меч на турнирот, а противник е домашната селекција на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.