| четврток, 6 декември 2018 |

Водечкото трио маршира победнички во Бундеслигата

Водечкото трио во Бундеслигата, Баерн, Баер и Борусија Дортмунд забележаа сигурни победи на денешните натпревари од најсилното германско првенство. Шампионот Баерн маршира сигурно и со 2-0 го совлада фенерџијата Ајнтрахт Брауншвајг. Двата гола „паднаа“ во првиот дел, а стрелец беше Арјен Робен.

Баер беше уште поуверлив и со 3-0 го победи Нирберг на домашен терен во Леверкузен. Мин со два гола и Кислинг, кој погоди еднаш беа творци на победата на второпласираниот тим во Бундеслигата. Баер има 34 бода, само еден помалку од лидерот Баерн.

Во трка за титулата остана и ланскиот вицешампион Борусија од Дортмунд по триумфот против Мајнц. Популарните „м,илионери“ славеа со 3-1 на гости, а интересно е што сите 4 гола беа постигнати во второто полувреме. Обемејанг го отвори резултатот во 70. минута, за Мајнц израмни Чупо Мотинг од пенал, а потоа на двапати од белата точка прецизен беше Левандовски за уверлива победа на Борусија.

Херта и Аугсбург одиграа без голови, а канонада од погодоци имаше на мечот меѓу Хофенхајм и Вердер. Домаќините постојано водеа, имаа и предност од два гола разлика, но Вердер не се предаде и освои значаен бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top