Полицијата заедно со ловен инспектор фатила ловокрадец во Кочанско, кој во својата „лада нива“ натоварил убиен елен.
Ова се случило вчера попладне и кај месноста Белска Раскрсница извршиле контрола на „лада нива“, управувано од В.Ч.(48). Во возилото било пронајдено 45 килограми месо од елен, спакувано во вреќи. Исто така, била извршена контрола и преглед во ловната куќичка лоцирана на место викано „Пасаџиково“, при што е пронајдена кожа од дива свиња и 32 килограми месо од дива свиња. По обавен разговор со В.М. (58), тој кажал дека во 13 часот извршил отстрел на дивата свиња и заедно со В.Ч. ја одрале и ставиле во комората. Истите се приведени, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар