| четврток, 6 декември 2018 |

Магла и голомразица по патиштата

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива непречено, по на места влажни коловози. Во одредени региони има појава на магла. Поради ниската температура можна е појава на голомразица, информираат од АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување на возилата, приспособена брзина на отежнатите услови, како и да се одржува поголемо растојание меѓу возилата. Особено да се внимава на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top