
Вооружени мажи во маскирни алишта ограбиле патник на московскиот аеродром „Шереметјево“, одземајќи му куфер во кој имало 2,7 милиони долари. Патникот пристигнал на аеродромот со лет од Истанбул, по што го пречекале приватни обезбедувачи за да го придружуваат.
Меѓутоа, пред терминалот вооружените напаѓачи на обезбедувачите им ставиле лисици на рацете, а потоа на патникот му го украле куферчето.
Во соопштението на полицијата не се посочуваат ниту името, ниту националноста на ограбениот патник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


