| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нѐ очекува: до крајот на неделава нема да паѓа снег

Денеска се прогнозира променливо облачно со сончеви периоди. На планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Гевгелија температурата ќе достигне  до 8 Целзиусови степени, во Скопје и Охрид до 4, во источна Македонија и Битолско до 1 степен.Утре утрото ќе биде ведро и студено (од -9 до -2), а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Од УХМР за утре прогнозираат сончево време без снег, во Скопје до 5 степени, источниот дел од земјата до 2  Целзиусови степени, а западниот дел најстуден – до 2 степени под нулата.

В петок ќе дојде до покачување на температурата – дневната ќе се движи од 2 до 10  Целзиусови степени. Саботата ќе биде сончева, со умерена облачност и максимална дневна темепратура до 9 степени. Слична температура се очекува в недела, со тоа што, според прогнозата на УХМР, в недела ќе врне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top