Во Гевгелија температурата ќе достигне до 8 Целзиусови степени, во Скопје и Охрид до 4, во источна Македонија и Битолско до 1 степен.Утре утрото ќе биде ведро и студено (од -9 до -2), а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Од УХМР за утре прогнозираат сончево време без снег, во Скопје до 5 степени, источниот дел од земјата до 2 Целзиусови степени, а западниот дел најстуден – до 2 степени под нулата.
В петок ќе дојде до покачување на температурата – дневната ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени. Саботата ќе биде сончева, со умерена облачност и максимална дневна темепратура до 9 степени. Слична температура се очекува в недела, со тоа што, според прогнозата на УХМР, в недела ќе врне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


