Снегот го обои Крушево во бело. Врнежите кои започнаа попладнево, веќе го претворија градот во панорамата која сме навикнати да ја гледаме таму – снежни покриви и бели улици.
Повисоките места во Македонија денеска беа зафатени од снежни врнежи, а попладнево за кратко беше забрането движењето на тешките товарни возила на Стража и патот Маврово-Дебар.
Фото: Тера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.