| четврток, 6 декември 2018 |

Јулија Тимошенко започна штрајк со глад

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор, денеска започна штрајк со глас со цел да го натера претседателот Виктор Јанукович да го потпише договорот за асоцијација на Украина со ЕУ.

– Во знак на единство со вас прогласувам штрајк со глад со барање до Јанукович да го потпише договорот за асоцијација, се наведува во пораката на Тимошенко до илјадниците демонстранти во Киев, која беше прочитана од нејзиниот адвокат Серхиј Власенко.

Јанукович од своја страна во телевизиско обраќање повика на мир и спокојство во Украина, уверувајќи дека никогаш ништо не би направил на штета на својата земја и народ. Тој истакна дека не постои алтернатива на создавањето на „општество со европски стандарди“ во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top