
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд, а на планините од снег.
Кон крајот на денот во северните делови од земјата врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места.
Ќе дува слаб, а поладне до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 12 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Во вечерните часови и во текот на ноќта со услови за врнежи од дожд и снег. Температурата во текот на денот ќе се искачи до десеттиот степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


