И третото полувреме во Лигата на шампионите во пресметките меѓу Вардар и Металург, им припадна на „црвено-црните“ кои водат со 12-10 по 30 минути игра во салата „Борис Трајковски“. Претходниот дуел пред десетина дена го доби шампионот со 27-22, а тогаш Металург беше домаќин.
Од стартот на мечот вечерва Вардар имаше предност, благодарение најмногу на извонредниот голман Страхиња Милиќ. Српскиот интернационалец во континуитет брани одлично, вечерва одбрани 5 удари и ја предводеше цврстата одбрана на Вардар.
Тимур Дибиров со 3 гола е најефикасен во „црвено-црниот“ табор, додека кај „условно“ кажано гостите, односно во екипата на Металург се истакна Ренато Вугринец со 5 погодоци. Недостасуваат головите на Павел Атман, кој остана на нула, а токму рускиот бомбардер беше најефикасен на првиот меч со 7 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


