| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Косовска Митровица, повредени две деца

Две деца од српска националност биле повредени кога непознато лице фрлило експлозивна направа во куќа во српско бошњачко маало во Косовска Митровица

81988
Децата, на возраст од три и девет години, се надвор од животна опасност и се згрижени во Здравствениот центар во Косовска Митровица.

-Примивме две деца кои беа повредени од експлозивна направа која била фрлена низ прозорецот во нивниот дом. Повредените имаат шрапнел во главата и вратот, а не им е загрожен животот-им рекле на новинарите дежурните доктори  Трајче Богоевски и Мирослав Данчетовиќ.

Експлозивна направа била фрлена во куќата на Снежа и Стево Вучетиќ, во бошњачкиот маало, едно од мешани маала во Косовска Митровица во кое живеат и Србите и Албанците.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top