
Децата, на возраст од три и девет години, се надвор од животна опасност и се згрижени во Здравствениот центар во Косовска Митровица.
-Примивме две деца кои беа повредени од експлозивна направа која била фрлена низ прозорецот во нивниот дом. Повредените имаат шрапнел во главата и вратот, а не им е загрожен животот-им рекле на новинарите дежурните доктори Трајче Богоевски и Мирослав Данчетовиќ.
Експлозивна направа била фрлена во куќата на Снежа и Стево Вучетиќ, во бошњачкиот маало, едно од мешани маала во Косовска Митровица во кое живеат и Србите и Албанците.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


