За секоја пронајдена коска од загинат Албанец ќе поставиме спомен плоча, која што ќе сведочи за албанските жртви од минатото, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети, на денешното откривање на спомен обележје на тројца убиени Албанци од 1944 година во гостиварско Дебреше, јави Телма. Ахмети изјави дека Албанците биле убивани од четници и усташи, варвари и криминални банди, кои имале намера да исчезне албанскиот народ од овие простори.
– Овие загинати Албанци треба да се почитуваат. Во овој дел на Гостивар има уште 50 албански жртви. Ние нив не можеме да ги оставме без спомен обележје. Доколку тоа би го направиле, идните генерации нема да ни простат – изјави Ахмети.
Спомен обележјето во Дебреше е проект на општина Гостивар. Денешната церемонија беше одржана по повод Денот на албанската азбука
– Албанските жртви помогнаа ние да не бидеме дискриминирани како народ. Со ова спомен обележје даваме почит на нивната жртва – изјави градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.
Општина Гостивар нема расправано, ниту пак е ставена точка на дневен ред во Советот во врска со спомен обележјето кое денеска беше отктриено, велат советниците Македонци од општина Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.