Работник од Скопје се здобил со сериозни повреди откако денеска додека работел на објект паднал од скеле на висина од осум метри, пренесува „Нова Македонија“.
Т.П (41) паднал од скеле додека работел на изградба на новата автобуска станица во Прилеп.
– Беше во тешка здравствена состојба. Имаше повреди на карлицата, ’рбетниот столб, на ногата. Транспортиран е во Ургентниот центар во Скопје – вели Гоце Јонзоски, раководител на итната помош, за „Нова Македонија“.
Истрагата ќе покаже како дошло до несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.