
Неговиот план во моментов е да се подготви што подобро за почетокот на следната сезона.
Мареј деновиве се наоѓа во сончевиот американски град Мајами, во сојузната држава Флорида, а на „Фејсбук“ го објави својот „камбек“ на тенисот.
„Сонцето светнало, повторно сум на терен“, напишал Мареј, а пренесоа островските медиуми.
Британецот сѐ уште не го одредил точниот датум кога ќе се најде на тенискиот терен за дуел, меѓутоа првиот турнир би можел да му биде и воведниот гренслем во новата натпреварувачка кампања, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


