| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Мареј тренира за да се врати на тениските терени

Тој не заиграл на официјален натпревар уште од пред два месеца и настапот во Дејвис купот, по што преостанатиот дел од сезоната го пропушти за да ја залечи повредата

 

endi-500

 

Неговиот план во моментов е да се подготви што подобро за почетокот на следната сезона.

Мареј деновиве се наоѓа во сончевиот американски град Мајами, во сојузната држава Флорида, а на „Фејсбук“ го објави својот „камбек“ на тенисот.

„Сонцето светнало, повторно сум на терен“, напишал Мареј, а пренесоа островските медиуми.

Британецот сѐ уште не го одредил точниот датум кога ќе се најде на тенискиот терен за дуел, меѓутоа првиот турнир би можел да му биде и воведниот гренслем во новата натпреварувачка кампања, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top