| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Денот на албанската азбука

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска на припадниците на албанската етничка заедница во земјата им го
честиташе празникот 22 ноември – Ден на албанската азбука.

-Уважувајќи го сопствениот јазик и азбука, негувајќи го и осознавајќи ја неговата големина и значење, паралелно го спознаваме различниот од нас и неговата потреба да ги чува и негува вредностите и особеностите на својот народ. Одбележувајќи вакви празници, значајни за меѓусебното разбирање, почитување и уважување, го јакнеме граѓанското општество, ја јакнеме основата на стабилно општество отпорно на предрасуди и нетолеранција, посочува Вељаноски во честитката.

Во таа насока, потенцира претседателот на Собранието, потребно е заеднички да останеме на патот на заложбата за надградување на меѓусебниот однос, на соживотот меѓу сите граѓани на Република Македонија.

– Со взаемна волја и искрен пристап да придонесеме во унапредување на заедничкиот живот и изградбата на просперитетна и европска Република Македонија, завршува во својата честитка спикерот Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top