Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска на припадниците на албанската етничка заедница во земјата им го
честиташе празникот 22 ноември – Ден на албанската азбука.
-Уважувајќи го сопствениот јазик и азбука, негувајќи го и осознавајќи ја неговата големина и значење, паралелно го спознаваме различниот од нас и неговата потреба да ги чува и негува вредностите и особеностите на својот народ. Одбележувајќи вакви празници, значајни за меѓусебното разбирање, почитување и уважување, го јакнеме граѓанското општество, ја јакнеме основата на стабилно општество отпорно на предрасуди и нетолеранција, посочува Вељаноски во честитката.
Во таа насока, потенцира претседателот на Собранието, потребно е заеднички да останеме на патот на заложбата за надградување на меѓусебниот однос, на соживотот меѓу сите граѓани на Република Македонија.
– Со взаемна волја и искрен пристап да придонесеме во унапредување на заедничкиот живот и изградбата на просперитетна и европска Република Македонија, завршува во својата честитка спикерот Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


